Како „момент од историска важност“ е опишан договорот кој го постигнаа Европскиот парламент и земјите-членки за клучниот предлог-закон за биолошка разновидност.
Законот за зачувување на природата бара од земјите членки на ЕУ да воведат мерки за зачувување на природата или барем 20 отсто од регионите на Унијата, како и морските региони до 2030 и сите еко-системи на кои им е потребно зачувување до 2050 година.
„За да се постигнат овие цели, земјите членки на ЕУ мораат да зачуваат најмалку 30 отсто од регионите вклучени во новиот закон во добра состојба до 2030 години, а процентот на големината на реоните ќе треба линеарно да расте до 60% до 2040 година и 90% до 2050 г0дина“, се вели во соопштението од Европскиот парламент.
Во соопштение од Европската комисија пак, се вели дека со официјалното воведување на законот, тој ќе претставува клучна мерка за достигнување на климатска неутралност до 2050 година, со што Европа ќе се бори против ефектите од климатските промени.
Критичарите посочуваат дека е разочарување да се види бројот на отстапки од првичните цели и прекумерната флексибилност во однос на обврските за земјите-членки.
Регулацијата формално ќе биде усвоена од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ и ќе стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Официјалниот весник на ЕУ.
Потоа, 27-те земји-членки ќе имаат рок од две години да го поднесат својот прв план за зачувување на природата, во кој ќе ги наведат мерките што планираат да ги применат за да ги решат еко-проблемите, како и временска рамка за нивно спроведување.