Четврти „Вагинални монолози“ во Скопје

Активистки за женски права уште еднаш ќе се здружат за драмско читање на „Вагинални монолози“, во сабота (11 јуни), во кино Култура со почеток во 20 часот.

„Денес, повеќе од било кога, ни треба револуција… Револуција за конечно ослободување на жените од насилството, неправдата, дискриминацијата, сексизмот… со кој секојдневно се соочуваат.  А секоја револуција започнува од нас самите. Мојата револуција почнува во телото.Таа нема да чека повеќе. Oваа револуција не бара дозвола, ниту оправдување… Се случува затоа што мора да се случи, во секое маало, село, град, метропола… Како собирање на племињата, како собир на колегите, студентите, жените од пазарот, жените од автобус… Може да биде мека и постепена… Може да биде спонтана и гласна… Можеби веќе се случува некаде… Може да ја најдете во вашиот орман, во вашата храброст, во вашите нозе“, се вели во поканата за настанот.

„Вагинали Монолози” е дело напишано од Ив Енслер кое за првпат е изведено во 1996 година во Америка. Истото во Македонија се организира по третпат во продукција на неформалната група на граѓани VDay.

Билетите во предпродажба можете да се најдат од 7 јуни 2016 преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по симболична цена од 120 денари. Сите собрани средства ќе бидат донирани директно на жени, жртви на насилство.