Четири мртви лица по упадот во американскиот Конгрес – официјално усвоена победата на Џо Бајден

Сенаторите го прогласија Џо Бајден за 46 претседател на САД, неколку часа откако се случи насилен упад во американскиот Конгрес во Вашингтон, пренесува „Индепендент“.

Победата на Бајден беше усвоена со 306 гласа, а со исто толку гласови Камала Харис ја доби функцијата на заменик претседателка.

Поддржувачи на Доналд Трамп извршија упад, а засега се регистрирани четири смртни случаи. Во просториите на Конгресот беше застрелана беше една жена, а три лица им подлегнаа на повредите здобиени за време на нередите.

Охрабрени од лично од претседателот Трамп, демонстрантите влегоа и за време на четири часовната окупација во Конгресот, ја попречија заедничката седница на двата дома на парламентот на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден. Законодавачите и заменик претседателот Мајк Пенс беа приморани да воведат евакуација и да прогласат полициски час.

Од страна на безбедносните сили беше употребен солзавец, а нередите продолжија надвор од просториите на Конгресот.

Заедничката седница продолжи, а голем број од тринаесетте сенатори кои планираа да ја оспорат победата на Бајден почнаа да се откажуваат од своите првични планови.

Сенатот ја усвои победата на Џо Бајден на претседателските избори, а поднесените спорови од стана на Аризона и Пенсилванија беа одбиени од двата дома.

Доналд Трамп се огласи со соопштение, во кое вели дека по прогласувањето на претседателската победа на Бајден, тој уредно ќе ја напушти функцијата.

За време на нередите, „Твитер“ го згасна профилот на Трамп на 12 часа, нагласувајќи дека забраната може да е конечна откако неколку твитови на претседателот беа обележани дека повикуваат на насилство, а напаѓачите беа опишани како „големи патриоти“.

[Видео] Приврзаниците на Трамп упаднаа во американскиот Конгрес – во Вашингтон воведен полициски час