Целосно кафеава жирафа, единствена во светот, се роди во зоолошка во Тенеси

Една од најретките глетки во животинското царство стана реалност во зоолошка во Тенеси, САД, откако таму се роди целосно кафеава жирафа, која се смета за единствена во светот.

Женската единка, родена на 31 јули е целосно кафеава, односно не ја има препознатливата шара за жирафите, а нема ни долг врат, по што е препознатлив овој вид.

Од зоолошката веруваат дека жирафата е единствена во светот, бидејќи тие ретко се раѓаат без своите препознатливи шари, кои служат за камуфлажа во дивината.

Од зоолошката градина се надеваат дека уникатната жирафа ќе ги популаризира проблемите со кои се соочува овој вид.

На највисокото животно на светот му се заканува истребување, поради намалување на неговите природни живеалишта во Африка, но и поради нелегалниот улов.

„Во последните три години, истребени се 40 отсто од популацијата на жирафите во дивината“, изјавил за локалните медиуми директорот на зоолошката, Тони Брајт.

Во меѓувреме, зоолошката распишала конкурс за именување на уникатната жирафа.