Цело село во Хрватска случајно завршило под сопственост на државата

Република Хрватска во своја сопственост има цело село и тоа случајно. Не го барала, ниту и треба, во него не инвестирала, ниту го дава, пишува во видеорепортажата на Dnevnik.hr.

Крндија недалеку од Ѓаково е заложник на апсурдна ситуација, во која мештаните не се сопственици ниту на куќите во кои живеат. Поради ова, бројот на семејствата од некогашните 300 паднал на само 24.

Во некогашното богато село, со куглана и кино, локалните жители денес не поседуваат ништо.

„Ние немаме ниту една наша куќа. Тоа е се државно и германско”, вели Дамир Кијаница од Крндија.

Пред Втората светска војна, Крндија била одземена од жители со германско потекло. Република Хрватска го наследила и го задржала. Селото нема канализација, водовод, тука не може да се гради, купува, продава, дури не може ни да се наследува бидејќи се е во сопственост на државата, освен црквата и месните гробишта.

Во меѓувреме, населените жители тука живеат повеќе од половина век, но куќите не се реновирани бидејќи не се нивни. Стари 80 и повеќе години, куќите почнаа да се распаѓаат.

Иако селото е на подрачје кое се помага и мештаните имаат право на градежен материјал, нивните куќи не ги градат бидејќи никој нема своја парцела.

„Не можеме да изградиме што и да сакаме, можеби некој сака да изгради и нова куќа, но не можат бидејќи тоа не е наше” – вели Ѓорѓе Новаковиќ.

Општината се обраќала до сите поранешни агенции за државен имот, а сега помош бара и од новиот министер.

„Очекуваме сопствеништвото врз Крндија да го препуштат на Општина Пунитовци, која би овозможила на сите луѓе кои се во тој регион, самите да си го решат станбеното прашање”, вели Јасна Матковиќ, градоначалник на општината.

Министерот бил изненаден.

„Не сум запознаен со тој случај, но предлагам и го молам градоначалникот на општината да упати барање до министерството, па ние во министерството ќе направиме увид во состојбата и сигурно ќе помогнеме во решавање на тој проблем”, вели Горан Мариќ, министер за државен имот.

Селото со 2000 државни хектари земја и 90 парцели, сместено близу Ѓаково, Осијек и Нашице, наместо да се развива, тоа умира. Сепак, државата се уште не се откажала од своето село.