„Буре барут“ за 70-годишниот јубилеј на Драмски театар

Претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, а во режија на Сашо Миленковски вечерва премиерно ќе биде изведена во Драмски театар – Скопје. Премиерата е во рамки на 70-годишниот јубилеј на оваа национална установа.

Во претставата играат Лазе Манасковски, Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Благица Димитровска, Јовица Михајловски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Емилија Мицевска, Рубенс Муратовски, Благој Чоревски… Музиката е на Венко Серафимов, а кореографијата на Валентин Апостоловски.

„Буре барут“ премиерно беше изведена пред 23 години на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), исто така, во режија на Миленковски.

Претставата е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведувана во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска и Бугарија.