Буенос Аирес, Глазгов или Меделин – кој ќе биде домаќин на Младинската олимпијада?

Буенос Аирес, Глазгов и Меделин се трите градови кои останаа во игра како кандидати за  домаќин на Олимписките игри за млади во 2018 година.

Буенос Аирес, Глазгов или Меделин - кој ќе биде домаќин на Младинската олимпијада?

Како што стои во соопштението на Меѓународниот олимписки комитет, претходно биле одбиени кандидатурите на мексиканскиот град Гвадалахара и холандскиот Ротердам.

Изборот на градот победник ќе се одржи на 4-ти јули во Лозана.

За првпат Олимписките игри за млади се организираа во Сингапур во 2010 година, а следните треба да се одржат во 2014 година во кинескиот Нанкинг.

Младински олимписки игри им даваат шанса за натпревар на спортистите помеѓу 14 и 18години. Тие се одржуваат по иницијатива на претседателот на Олимпискиот комитет, Жак Рог.