Бројни бендови денес ќе „рокаат“ на вториот ден од „Metal Discharge“  

Единствениот македонски метал фестивал „Metal Discharge“ годинава ја распосла програмата низ три вечери, а денеска (сабота, 14 јуни) музика ќе има од 17:30 часот, па се’ до пред полноќ.

Локацијата е легендарното ракоментно игралиште, или како што го нарекуваат организаторите од Битола – „бетонскиот олтар“, каде вратите за посетителите ќе бидат отворени од 17 часот.

Програмата е следна:

„Karma Scale“ 17:30 – 18:00
„Triggered“ 18:15 – 18:50
„Mass Culture“ 19:10 – 19:45
„Lucent“ 20:05 – 20:45
„Conspiracy“ 21:05 – 21:45
„Above Us The Waves“ 22:05 – 22:45
„Scattered“ 23:05 – 23:45

На претходната, прва петочна вечер, за старт на фестот свиреа „Amaneth“ и „3 a.m“. Тоа се случи во Старата чаршија, каде свирки ќе има и за финалето во недела.