Британски научник тврди дека колективниот имунитет е невозможен поради делта сојот на Ковид-19

Постигнувањето колективен имунитет не е опција со моменталниот делта сој на коронавирусот, изјави шефот на одделот за вакцини на „Оксфорд“, Ендру Полард, пренесува „Индекс“.

Истовремено, тој вели дека фактот што вакцините не го спречиле ширењето на вирусот, значи дека прагот за создавање колективен имунитет не е постигнат.

„Проблемот со овој вирус е што не се работи за мали сипаници. Ако 95 отсто од луѓето се вакцинираат против морбили, вирусот не може да се пренесе кај населението. Вакцинираните и понатаму ќе се заразуваат со делта сојот, а тоа значи дека секој што не е вакциниран ќе дојде во контакт со вирусот во одреден момент. Досега, немаме ништо што во потполност би можело да го спречи ширењето на вирусот“, вели Полард.

Моменталните вакцини се многу ефикасни во спречувањето на потешките форми на болеста и смртта од вирусот, но тие не ја спречуваат целосно можноста од зараза.