Мифонви Никсон, комуникациски и маркетинг менаџер во британската хуманитарна организација „mySociety“, ќе биде говорник на седмото издание на ENGAGE конференцијата на друштвен активизам што ќе се одржи на 12-ти мај, во Музејот на современа уметност во Скопје.
„ mySociety“, хуманитарната организација во Велика Британија нуди дигитални алатки кои им помагаат на граѓаните да имаат увид и надзор врз работата на властите. Организацијата започнала како мала група кодери кои биле презафатени правејќи веб алатки за да ги комуницираат своите активности до надворешниот свет. Кога Миф му се придружила на тимот, нејзина работа била да го земе нивното техничко знаење, и да го преведе во информација која секој, без разлика колку е технички неписмен, ќе може да ја разбере.
Во текот на изминатите 7 години, Миф била дел од проектите на „mySociety“ за граѓани на Велика Британија, како и од нивните меѓународни проекти кога организацијата созреала. „mySociety“ сега им помага на други организации низ светот да ги развијат своите проекти поврзани со демократија, слобода на информирање и подобрување на локалните заедници.
Бидејќи нивниот код е слободен за преземање, имаат многу податоци слободни за користење и многу години искуство, „mySociety“ може да им помогне на другите да го „измислат одново тркалото“ кога тешката работа, во многу случаи, веќе е завршена. Ова прави да биде полесно да се лансираат проектите, и поголема е можноста да успеат.
На овогодинешната конференција организирана од Радио МОФ и Младинскиот образовен форум, ќе учествуваат осуммина говорници, а ќе има и два перформанси. Meѓу годинешните говорниците, како што веќе објавивме се и албанскиот режисер Елтон Баџаку и Петар Ниновски од „Бреинстер“.
Регистрацијата за овогодинешната ENGAGE конференција за друштвен активизам ќе биде отворена на 2-ри мај. Наскоро ќе бидат објавени детали и за останатите говорници.
ENGAGE – Конференција за друштвен активизам е организирана со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.