Петар Ниновски од „Бреинстер“ на ENGAGE 2018

На 12-ти мај во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се одржи седмото издание на ENGAGE конференцијата на друштвен активизам.

Петар Ниновски, основач на иновативната платформа за едукација „Бреинстер“, претприемач и маркетинг консултант ќе биде говорник на седмото издание на ENGAGE конференцијата на друштвен активизам што ќе се одржи на 12-ти мај, во Музејот на современа уметност во Скопје.

Ниновски има искуство во креирање брендови, лансирање на компании и продукти, а на ENGAGE ќе зборува на темата „Како Бреинстер создава продукти кои носат дополнителна вредност за заедниците”.

На овогодинешната конференција организирана од Радио МОФ и Младинскиот образовен форум, ќе учествуваат осуммина говорници, а ќе има и два перформанси. Еден од говорниците, како што веќе објавивме е и албанскиот режисер Елтон Баџаку.

Регистрацијата за овогодинешната ENGAGE конференција за друштвен активизам ќе биде отворена на 2-ри мај. Наскоро ќе бидат објавени детали за останатите говорници.

ENGAGE – Конференција за друштвен активизам е организирана со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.