Брегзит ефект – третина од британските фирми размислуваат да се селат во странство

Речиси третина од британските компании би можеле поради брегзитот да се преселат во странство, покажува анкета шро ја пренесе Би-би-си.

Истражувањето на Директорскиот институт (ИоД) открило дека 16 отсто од нив веќе имаат план за селење, а 13 отсто размислуваат за тоа. ИоД соопшти дека станува збор за „загрижувачки резултати“.

Портпаролот на британската влада кажа дека „брегзит со договор“ е најдобриот начин „да се смират компаниите и индивидуалците во време кога ја напуштаме ЕУ“.

Анкетата покажала дека Британија во ЕУ веќе се преселиле повеќе големи компании, а дека малите размислуваат за тоа двојно повеќе од големите.

Европските трговски агенции и здруженија на работодавци известија дека стотици британски фирми се во постапка на префрлање на бизнисите во ЕУ пред планираното излегување од Унијата на 29 март, наведува Би-би-си.

Арно де Бресон, извршниот директор на француското здружение на работодавци Пари Јуроплас, изјави дека околу 260 компании се во постапка на „потврдување и спроведување“ на селењето на операциите во Франција.

Според Хуб Бруселс, агенцијата на белгиската влада која привлекува странски компании, бројот на британски фирми кои се прошириле или целосно го префрлиле работењето во Брисел двојно се зголемил од референдумот во 2016.

За 31 месец колку што минаа од референдумот, меѓу 95 и 100 компании основале свои подружници во белгиската престолнина, наспроти педесетина во истиот период пред референдумот, соопшти агенцијата.

„Сакаме да ги заштитиме работните места и економијата и да им пружиме на компаниите и поединците сигурност додека ја напуштаме ЕУ. Најдобриот начин за тоа е да си заминеме со договор и на тоа сме фокусирани“, соопшти портпаролот на британската влада.