Борба за Влае: Што е со сенките во Тафталиџе?

Жителите на западниот дел од улицата „Прашка“, но и подлабоко во населбата, ќе немаат дневна светлина, реагираат од граѓанска иниција Борба за Влае во однос на зградите предвидени со комплексот Алумина.

„На презентацијата на Советот на Карпош архитектот велеше дека внимавале сите куќи северно од комплексот да го имаат законскиот минимум од 1 час сончева светлина во критичниот период од крај на декември до крај на март. Наша среќа што толку се дарежливи. Оваа калкулација покажува дека ако зградите беа изградени со максималните пропорции што им ги дава Општината во ДУП-от, на денешен ден, нивните сенки во текот на денот би стигале од средината на Тафталиџе 1, преку улица ‘Варшавска’, дворот на СУГС ‘Георги Димитров’, скоро цела зграда ‘Настел’ и зградите на Млечен се до објектот на ‘Веро’“, посочуваат од иницијативата.

Според нив, од секој можен аспект жителите на Карпош ќе бидат жртви на комплексот на Алумина.

„Кое би било решението? Општина Карпош во самиот ДУП да определи која зграда каде може да се изведе и која е нејзината висина. Според предлог ДУП-от инвеститорот е тој кој бира што ќе изведе и каков ефект ќе има тоа на останатите жители на општината“, соопштува иницијативата.

Визуелизации: Борба за Влае