Бојана Вунтуришевиќ и „Алембик“ на „Прво па женско“ во МКЦ

Под мотото „старите дефиниции не ни беа од полза, ни нам, ни на Земјата што нѐ крепи*“, оваа година концертната програма на фестивалот за феминистичка култура „Прво па женско“, ќе понуди нов, свеж, експериментален и автентичен звук.

Концертот, кој е во соработка со Младински Културен Центар, Liveurope и „Прво па женско“, ќе се одржи на 13 мај во Денсинг салата на МКЦ, а со почеток во 21 часот ќе настапат српската изведувачка Бојана Вунтуришевиќ и македонското музичко дуо „Алембик“.

„Вунтуришевиќ ја знаеме како како пејачка на инди поп бендот Svi na pod! А од 2016 година почнува и со соло кариера. Нејзиниот деби албум Daljine доби многу позитивни критики и признанија, а во 2021 година со песната ‘Пари’, го најави и вториот албум ‘Ljubav’, кој го издаде во февруари оваа година. Вунтуришевиќ го опишува нејзиниот стил како ‘капиталистички блуз’ и црпи влијанија од инди поп, трип хоп и денсхол“, велат организаторките, кои додаваат дека со неа ќе настапи тапанарот Пеџа Милутиновиќ.

Освен Вунтуришевиќ ќе настапат и музичкото дуо „Алембик“ – Виктор Танасковски и Ива Дамјановски.

„Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку игра со музичките елементи. Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 и е посветен на конфликтот, но и возможната симбиоза на природата и технологијата, инспириран подеднакво и истовремено од звукот на градскиот метеж колку и од птичји и китовски песни“, посочуваат од „Прво па женско“