Битолски навивачи го прекрија теренот со плишани играчки за децата од ранливи категории

Битолските навивачи го преплавија теренот во спортската сала „Боро Чурлевски“ со плишани играчки како подарок за дечињата од ранливи категории за новогодишните и божиќните празници.

Овој гест беше откако ракометниот клуб Еурофарм Пелистер побара од нивните симпатизери да направат ваков хуман гест на полувремето од вчерашниот натпревар со Вардар, што е нивен последен домашен натпревар оваа година.

Од клубот напоменаа дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.