„Секој има право на образование“ – студентска хуманитарна акција утре пред „Мост“

Пред платото на стоковната куќа „Мост“ утре во 12 часот ќе се одржи хуманитарната акција „Поддршка од првиот момент“ за собирање донации за запишување на студент на факултет во следната академска година.

На хуманитарната акција ќе бидат изложени дела од изложбата „Сиромаштијата и младите“ од Семра Рашити и Мелиса Салихи и ракотворби на Емина Амит што ќе бидат достапни за продавање.

„Секој има право на образование! Но, кај нас не секој има пристап до финансиска помош за образование! Затоа што и вие веројатно сте го поминале периодот на регистрација од првата година каде стипендиите и финансиската помош се речиси невозможни и тешкотијата да се плати првиот и вториот семестар кај нас веројатно ги среќава 1 од 5 млади луѓе во РСМ“, стои во најавата за утрешната акција.

Професори и професорки од Универизтетот заедно со претставничката на Унија на Студенти, Нермине Хамиди, претставничката од ЛЕГИС Мерсиха Смаиловиќ и Јасмина Голубовска ќе одржат две панел дискуси на теми „Младите и сиромаштијата и состојбите и проблемите на студентите“.

Организатори на хуманитарната активност се Студентската Унија како дел од „Прва“, мрежа за брза реакција во криза и сиромаштија, мрежа формирана од НВО Легис во рамките на Цивика мобилитас!

Хуманитарниот настан ќе трае до 20 часот.