Шпанија воведува нов кодекс за спречување на сексизмот во рекламите за детски играчки

Шпанија денеска објави дека воведува нов етички кодекс за да ги спречи производителите на играчки да користат сексистички стереотипи како што се рекламни кукли за девојчиња и акциони фигури за момчиња на почетокот на божиќната сезона.

Во владиното соопштение се вели дека новиот „саморегулаторен“ кодекс кој стапува на сила утре, ги поттикнува компаниите да се рекламираат со реклами кои создаваат слика на плурализам и еднаквост, без стереотипи.

„Карактеризирањето на девојчињата со сексуална конотација ќе биде забрането и ќе се избегнува ексклузивното поврзување на играчките со улогите како што се нега, работа во домаќинството или убавина со девојчињата и акција, физичка активност или технологија со момчињата“, се вели во соопштението.

Идејата е компаниите повеќе да не користат бои како сина или розова за етикетирање на производи наменети за момчиња или девојчиња, соопшти владата.

Кодексот следи по договорот помеѓу Министерството за заштита на потрошувачите, производителите на играчки и рекламните компании потпишан во април и е насочен кон рекламирањето наменето за деца помлади од 15 години, а особено за деца под 7 години.