Без огномет на централната прослава за нова година во Скопје – градот ќе ги донира парите

Новогодишната прослава во центарот на Скопје ќе биде одбележана без огномет, а средствата ќе бидат пренасочени кон хуманитарни цели, соопштија вчера од Град Скопје, велејќи дека новата година треба да биде надеж за подобро утро за сите.

„Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани“, велат од Град Скопје.

Инаку, на плоштадот „Македонија“, Комората на музичка индустрија во соработка со Град Скопје организираат новогодишна музичка програма која започна на 25 декември, а ќе трае до 7 јануари.

Новогодишната програма за денеска веќе започна, а главната програма ќе продолжи од 20 часот.

Новогодишната програма на Плоштад Македонија годинава со македонска музика