БЕСТ Скопје организира Летен академски курс на тема вештачка интелигенција

Годинава, БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија) по 18-ти пат го организира летниот академски курс. Курсот оваа година ќе се одржи во Скопје од 16 до 24 јули на тема вештачка интелигенција, во соработка со професорскиот кадар на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Овој настан, кој што прерасна во децениска традиција, е синоним за врвно студентско комплементарно образование, стручно доусовршување, но и интеркултурно запознавање со млади луѓе од сите краеви на Европа. Вакви несекојдневни искуства се клучен дел од академскиот живот без кои не може целосно да се заокружи студентското искуство“, велат од БЕСТ Скопје.

На крајот на курсот, учесниците полагаат завршен испит, со чие положување се стекнуваат со сертификат за успешно завршен курс од академски карактер, посочуваат организаторите.

Академскиот дел од курсот е бесплатен, а по него планирано и викенд патување во Охрид. За пријавување на курсот кој е наменет само за студентите на УКИМ потребно е да се пополни формата достапна на овој ЛИНК.

Краен рок за пријавување е 30 јуни во 23 часот.