[Галерија] Денот на виното и вљубените преку вештачка интелигенција

За денешниот Ден на вљубените или по нашки Денот на виното и љубовта генериравме слики со вештачка интелигенција (ВИ) преку алатката DALL-E-2.

Се нурнавме во светот на ВИ имагинацијата во која папагалите, роботите и вонземјаните имаат љубовен состанок. Освен тоа, DALL-E-2 ни предложи дека мачките денес може да пијат вино додека гледаат во ѕвездите, a паралелно со нив паровите може одат во кино или „чилаат“ на тепих во дневна. Во продолжение погледнете ги предлозите како може да го поминете празникот според генераторот.