Бендови, изложба и летно кино годинава на „Звукот на Скопје“

Фестивалот „Звукот на Скопје“ годинава ќе се одржи на 15 септември (петок), а како и минатата година, настаните ќе се одржуваат на Плоштадот „Мајка Тереза“ (платото пред МОБ) и паркот Ибни Пајко.

Според најавата на сцената кај Плоштадот „Мајка Тереза“ ќе настапат бендовите „Фолтин“, „КЕМ“, „Натали бенд“ (Nataleѐ) од Србија и составот „СИЗ“, (Siz), а на сцената кај паркот Ибни Пајко ќе настапат „Димиш“, „Занаду“ и „Стој, После!“.

Во продажниот салон на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ), кој е и организатор на настанот ќе има изложба на фотографии, а во Кулпарк, пред КИЦ ќе има летно кино.

Билет за настанот е едно пластично шише.