Белорускиот нобеловец Алес Бјалјатски осуден на 10 години затвор

Белорускиот суд го осуди Алес Бјалјатски, еден од водечките застапници за човекови права во Белорусија и еден од добитниците на Нобеловата награда за мир во 2022 година, на 10 години затвор, јавува Ал Џазира.

Бјалијатски и три други лица од Центарот за човекови права Вијасна што тој го основаше, се осудени за финансирање антивладини протести.

Тие беа уапсени и затворени по масовните протести поради изборите во 2020 година кои му дадоа на претседателот Александар Лукашенко нов мандат на функцијата. Лукашенко, кој е на функција од 1994 година, ја потиснува опозицијата и ги сузбива независните медиуми.

Обвиненијата против Бјалјатски и неговите колеги беа поврзани со обезбедувањето финансии на Вијасна за политичките затвореници и помагање во плаќањето на нивните правни давачки.

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја остро ја критикуваше „срамната неправда“ на судењето на Бјалјатски.

Активист од Белорусија и организации од Русија и Украина добитници на Нобеловата награда за мир