Автобусите на ЈСП утре ќе возат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информира дека утре, на државниот празник 8 септември по повод Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.