Австралија им забранува на членовите на владата да користат ТикТок на службените телефони

Австралија денеска објави дека ќе им забрани на членовите на владата да ја користат кинеската апликација ТикТок на службените уреди поради безбедносни причини, придружувајќи се кон одлуките на други западни земји.

Одлуката е донесена по советот на австралиските разузнавачки служби и ќе биде спроведена „што е можно поскоро“, рече министерот за правда Марк Драјфус.

Австралија е последната земја што им забрани на членовите на нејзината влада да користат ТикТок, по САД, Велика Британија, Канада и Нов Зеланд.

Слични мерки беа преземени во Франција, Холандија и во рамките на Европската комисија.