Австралија им понуди климатски азил на жителите од Тувалу поради катастрофалните влијанија од климатските промени на територијата на државата.
Тувалу, остров на Тихиот океан, е едно од местата кое е под висок ризик од растот на морињата. Во државата живеат 11.200 лица кои постојано укажуваат на потреба на воведување на мерки против климатските промени.
Австралискиот премиер Антони Албанесе истакнал дека климатскиот азил е историски момент.
Премиерот на Тувалу, Каусеа Натано, изјавил дека климатскиот азил е „трошка надеж“ кој претставува и голем чекор за регионалната стабилност.
На над 280 жители на Тувалу ќе им биде доделена австралиска виза секоја година, што ќе им дозволува да живеат, работат и учат во Австралија.
Ова е првпат Австралија да понуди престој на странски државјани поради закана од климатските промени, објави австралиската радиодифузна корпорација.
Новиот договор – познат како Унија на Фалепили – е „најзначајниот“ договор меѓу Австралија и Тувалу досега.
Исто така, со договорот се ветува австралиска помош за Тувалу во однос на климатските активности и безбедноста.
Според договорот, Австралија се обврзува да ја заштитува Тувалу од воена агресија, а Тувалу се согласи дека нема да склучува одбранбени пактови со која било друга земја без одобрение од Австралија.