Австралиец направи хартиено пони од кесите за ручек во хотелски карантин

Десет дена од неговиот задолжителен карантин двонеделен карантин, во хотел во Бризбејн, Дејвид Мериот седеше во неговата соба со коњот Расел. Уметничкиот директор од Сиднеј максимално ги искористи своите вештини за правење реквизити и костуми, откако влезе во задолжителниот карантин во Австралија по непланираното патување во Лондон, за погребот на неговиот татко Хари, кој почина неочекувано кон крајот на февруари од Ковид 19.

Тој очекуваше „ две долги недели“ откако претходно мина низ задолжителниот карантин во домот на неговата сестра кога слета во Лондон, па се обиде да се подготви за што е можно поблаго враќање.

Неговиот туристички агент му препорача лет до Бризбејн, за да ги избегне откажувањата поврзани со строгите правила за карантин при влез во Австралија. Во страв од досада, Мериот купи преносен звучник за да може да свири музика и неколку топки, планирајќи да се научи како да жонглира.

Но, неколку дена по неговиот престој во карантин, тоа му здодеа. Па почна да ги собира вреќите од кафеава хартија, во која беа пакувани неговите оброци, фрустриран што хотелот ќе ги исфрли како комунален отпад, наместо да ги рециклира – поради практиката за отстранување на целиот отпад од гостите во карантин.

„Помислив дека ова е навистина кул кеса од квалитетна, густа кафеава хартија.“ „Претходно сум работел со тој материјал, бидејќи има одлична структура“, рече тој за Гардијан.

Потоа нарача пар ножици и малку селотејп од локалниот супермаркет. На третиот ден од неговиот карантин, ручекот му пристигна во округла хартиена чинија.

„Помислив, ова е капа, ако додадам мал раб. Тоа беше почетокот на каубојот, а елекот и уздите дојдоа природно “.

Заглавен како каубој без коњ, Мериот контактирал со управата на хотелот Риџ Саут Банк за да побара кутии за да го конструира Расел. Но, прифаќајки го предизвикот, решил дека може да го направи коњот без кутии, кога ја забележал даската за пеглање и ламбата во неговата соба.

„Коските веќе беа таму“. „Сега го добив Расел и мислам дека куче и мачка би можеле да бидат следни“, вели тој.  Мериот, исто така, била во честа комуникација со управата на хотелот, барајќи од нив да го прошетаат Расел.

Мериот рече дека персоналот ги ценел неговите барања, во хотел каде ретко имаат некаква интеракција со гости. Тој исто така рече дека неговите креации ги развеселиле неговата мајка и сестра, кои ги запознал со Расел преку онлајн повиците.

„Тоа ја насмеа мајка ми, што беше најдобро. Да се ​​види како повторно се смее, сето тоа се исплати.

„Луѓето имаат малку потреба од смеа. Ова им го крева моралот “, рече тој.

Мериот се надева дека неговата уметност ќе привлече внимание кон недостатокот на рециклирање во карантинските хотели и ќе им обезбеди на другите идеи како креативно да го искористат своето време за карантин.

„Тоа ве носи во алтернативен универзум, надвор од карантин. Малку е како сонување “, вели уметникот.