[Аудио] Слушнете ја петтата епизода на емисијата „Приказните на бегалците“

Оваа среда (06.06.2018) во 14 часот, на Радио МОФ имавте можност да ја слушнете петтата и последна епизода од емисијата „Приказните на бегалците“ со Нина, Мрв и Ивона.

Гости во епизодата се Бесник Емини – доктор на науки по историја и истражувач во Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Македонија и Ивана Петковска – претставник од Коалицијата Сите за правично судење. Понатаму, ќе можете да чуете две интервјуа со баратели на азил кои престојуваат во Прифатниот центар за баратели на азил Визбегово. Во рубриката „Читачка проба“ во оваа емисија, ќе го слушнеме текстот „Храброто момче“, адаптација на монолог од Јутјуб видео снимено веднаш по бомбардирање на еден кварт на Алепо, Сирија.

Исто така, би сакале да ве поканиме на претставата од проектот „Приказните на бегалците“ на групата Кунстверкштат, која ќе се одржи на 28-ми јуни во Младинскиот културен центар со почеток во 20.00 часот.

Секои две недели, почнувајќи од 11 април, во емисијата зборувавме за теми како човекови права, антидискриминација, антиксенофобија, миграција, интернационална заштита и предизвиците со кои се соочуваат бегалците.

На следниве линкови може да ги преслушате претходните четири епизоди од емисијата:
ПРВА ЕПИЗОДА
ВТОРА ЕПИЗОДА
ТРЕТА ЕПИЗОДА
ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА

Проектот „Приказните на бегалците“, во чии рамки е и оваа емисија, поврзува два различни пристапи за создавање на разбирање меѓу младите во земјата за незавидната ситуација на бегалците. Еден пристап е оној на градење на знаења и информации, разбирање на правната рамка и правата. Другиот е создавање на врски и градење емпатијата. Овие пристапи се практикуваат преку директно работење со млади луѓе и јавен настан, како и преку поголем опсег на информирање преку медиумски содржини.

Овој проект е имплементиран од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Не ја пропуштајте последната емисија!