Арт Ум Фестивал во Гевгелија

На 21 и 22 јуни во Гевгелија ќе се одржи Арт Ум фестивалот со мултимедијална програма со изложби, уметнички инсталации, работилници и музички перформанси на етаблирани изведувачи од електронската музичка сцена.

„После години музичко дејствување на локалната сцена, се подготвуваме да ви понудиме нешто посебно.Специјален настан каде ќе може да се забавувате, инспирирате и да се поврзете со уметноста и музиката. Придружете ни се за да бидете дел од почетокот на една нова традиција“ , велат од Арт Ум.