Антидепресивите можат да предизвикаат „емоционално отупување“, покажува ново истражување

Широко користените антидепресиви предизвикуваат „емоционално отупување“ според истражување кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и нивните потенцијални несакани ефекти, пренесува Данас.

Истражувањето, кое беше спроведено на волонтери во текот на три недели, покажа дека „отупувачките“ негативни емоции може да бидат дел од начинот на кој лековите им помагаат на луѓето да се опорават од депресија. Но, исто така, може да разјасни вообичаен несакан ефект.

„Овие лекови одземаат дел од емоционалната болка што ја чувствуваат луѓето со депресијата, но, за жал, се чини дека одземаат дел од уживањето“, вели професорката Барбара Сахакијан од Универзитетот во Кембриџ, еден од авторите на студијата.

Таа вели дека наодите би можеле да им помогнат на пациентите да бидат подобро информирани во избор на лековите, но забележува и дека „нема сомнеж дека антидепресивите се корисни“ за многу пациенти.

Според Националната здравствена служба на Англија, на повеќе од 8.3 милиони пациенти им бил препишан антидепресив во текот на 2021-2022 година.

Селективните инхибитори на репреземање на серотонинот се меѓу најшироко распространети во употребата и ефикасноста кај повеќето пациенти, иако не кај сите.

Некои луѓе кои ги земаат овие лекови велат дека се чувствуваат емоционално тупи или дека повеќе не уживаат во нештата, а една студија сугерира дека тоа се однесува на помеѓу 40 и 60 проценти од оние кои ги земаат.

Сепак, долго време не беше јасно дали овој симптом е несакан ефект на лекот или еден од симптомите на депресија.