Англија ќе изгради 14 нови еко-села со вкупно 48 000 домови

Властите во Англија најавија дека планираат да изградат 14 нови села, каде во секое од нив ќе има од 1 000 до 10 000 нови домови. Едно од селата во близина на Корнвол, именувано како Вест Керклејз, ќе има 1 500 енергетски ефикасни домови. Како дел од еко-селата, ќе има и соларни фарми и велосипедски патеки, заедно со пабови и основно училиште за стотици ученици. Севкупно, во 14 села ќе има простор за 48 000 домови.

Овие села ќе функционираат како нивните самостојни заедници. Во нив ќе има голем број на објекти за новите жители – вклучувајќи и основни училишта и центри за возрасни лица Министерството за домување на Англија вели дека селата ќе ги подигнат локалните економии, иако некои локални жители кои веќе живеат во близина на предложените области не се убедени во тоа.

Некои сметаат дека проширувањето е непотребно и претставува закана за постоечките заедници и зелените појаси каде треба да се гради. Некои се загрижени дека селата ќе бидат проблем за веќе заситената инфраструктура.