Анализа: За 11 пати зголемен „негативниот природен прираст“, и селата влегоа во „негативнa“ зона

Освен Скопскиот регион, во сите останати седум плански региони лани е регистриран драматичен негативен тренд – пад на природниот прираст на населението, што значи намалување на бројот на новородени а пораст на смртните случаи, пишува „Порталб“. Според демографите, ова е последица на здравствената криза кој резултираше со речиси 5 500 смртни случаи од Ковид 19 и поради која државата беше затворена и внатре и од надвор. Во 2020 та статистиката покажува пад на наталитетот и пораст на морталитетот на ниво на државата.

Пандемијата го зема својот “данок“ и во демографијата …

Во кризната 2020 та година статиститката измери драматичен пад на природниот прираст на ниво на дражавата и тој изнесува (минус) – 6 724 лица. За разлика од 2019-та, лани и селските општини влегле во зона со негативен природен прираст.

2020 год. /  2019 год.

Природен прираст – град   4.690 /  1.059

Природен прираст – село  2.034  /  458

Според аналитичарите по статистика и демографија, овие податоци укажуваат дека здравствената криза удри и по демографската структура во земјава.

„Имавме пандемија која силно се одрзаи врз негативниот прираст и овој тренд ги зафати и селските средини, ова значи дека и тие се соочија со проблемот на зголемен морталитет а намален наталитет. Би посочил два фактори – прво големата смртност поради Ковид 19 и второ, ограничувањата во движењата што ги имавме, на луѓето им беше ограничено па дури и забрането да патуваат, немаше миграции кои исто така се фактор кој влијае врз наталитетот. “ – вели за „Порталб“ експертот Дончо Герсимовски, еден од поранешните директори на Државниот завод за статистика.

А што покажува најновата статистика? Во 2020 та година само во Скопскиот регион е регистран позитивен природен прираст од 36 лица. Најголем негативен прираст од скоро 2 000 лица има во Пелагонискиот регион.

Природен прираст по региони во 2020 година

Скопски регион 36

Вардарски регион – 834

Источен регион – 1.229

Југозападен регион – 761

Југоисточен регион – 808

Пелагониски регион – 1.974

Полошки регион – 539

Североисточен регион – 615

Еден од факторите кои детерминираат вакво нагативно движење беше ограничената миграција. Така, лани се регистрирани 2 920 отселени и доселени лица додека во 2019 та таа бројка изнесувала 3 174 лица. Демографите велат дека ваквиот тренд на негативен природен прираст продолжува и годинава, во првиот економски квартал, освен во неколку општини како Арачаиново, Желино, Липково.

„Дефинитивно 2020 та е една карактеристична година во која се забележува негативен демографски тренд. Кај нас и годинава според првичнните податоци околу 70 општини се соочуваат со негативен природен прираст Ова е проблем не само за Македонија, туку и за регионот. Во Србија на пример негативниот природен прираст во првите четири-пет месеци изнесува 43 000 и очекувам дека оваа борјка значајно ќе се зголеми до крајот на годинава. Состојбата е влошена и во Бугарија каде морталитетот е во пораст а наталитетот во опаѓање и ова се случува подолг период , пандемијата само ја влоши состојбата.. “ – анализира Герасимовски.

Во пандемската 2020-та морталитетот е пораст а наталитетот е во пад. Така лани биле регистриарни 19 031 живородени деца што е за 4,1% помалку во однос на 2019 та година. Во изминатите седум години или од 2014 та па наваму секој година регистриран е намален бројот на живородени деца, во 2014 изнесувал 23 596. Најголем број на живородени деца лани од Скопските општини, регистран е во општините Чаир и во Аеродром, а повеќе од 1000 живоредени деца имало само во општина Тетово. Од друга страна статистиката покажува дека лани бројот на умрените лица е зголемен за 26.0 % во однос на претходната година и изнесува 25 775 починати.

Трендот на иселување, особено на помладата популација , според аналитичарите останува клучен фактор кој и натаму ќе ја менува демографската карта на земјава – со очекувани последици – намалување на природниот прираст на населението во државата.

Извор: Порталб.мк