Анализа: Досие Јавни претпријатија – над 75% од вработените постари од 46 години, за „децениските загубари“ сѐ уште нема решение

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, Општините и Град Скопје. Најголем дел или 143 се основани од Град Скопје и Општините, 13 се под „капа“ на Владата а 3 Јавни претпријатија се основани од Собранието. Според податоците од Министерството за финансии,  голем дел од ЈП во земјава генерираат долгови кои не можат навреме да ги подмират. Лани во сите ЈП во државата работеле 16.887 лица.

Јавни претпријатија  – „најголеми“ работодавачи

Опфаќаат голем број на вработени, нудат услуги а не се финансиски одржливи. Новите податоци кои ги анализира „Порталб“,  а се потпираат на повеќе извори,  покажуваат дека голем дел од Јавните претпријатија во земјава работат нерентабилно, не можат да ги подмират доспеаните долгови, генерираат нови обврски и работат со загуби кои се амортизираат со буџетски пари од централната и локалната власт. Но од друга страна ЈП се едни од „најголемите“ работодавачи.

Според податоците од Регистарот за вработени во јавниот сектор во 2023 та, со  над 500 вработени функционираат повеќе ЈП како што се  националниот сервис МРТ, Национални шуми, Железници – Инфраструктура, ЈСП, Комунална хигиена, Водовод и канализација и други.

                                   ЈП со најголем број вработени

ЈП Национални шуми                                                                           1 844

ЈСП                                                                                                        1 142

ЈП Водовод и канализација                                                                 1 121

ЈП Комунална хигиена                                                                         1 029

ЈП Железница Инфраструктура                                                           796

ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта                 765

МРТ                                                                                                         665

Извор : МИОА

Интересен е податокот дека во ЈП во државата, дури 81,94% од вработените се мажи а останатите 18,06% се жени. На ниво на целиот јавен сектор, најголема просечна возраст на вработените е регистрирана токму во ЈП.  Дури 75,4% од вработените се постари од 46 години.

„Може да се забележи дека најголема просечна возраст од 49,3 години има кај јавните претпријатија“ се наведува во Извештајот.

Скоро 71% од вработените не се изјасниле за етничката припадност или одговориле дека припаѓаат на „друга“ без да посочат која. Од вкупниот број на вработени во сите ЈП, речиси 18% се етнички Македонци, 0,66% се изјасниле за етнички Албанци, 4,69% Роми, 2,34% Турци, 1,30% се изјасниле како Срби, 1,63% Власи и 0,41% Бошњаци.

ЈП во „должнички круг“ –  дел од нив без субвенции не можат да поделат плати

Големите ЈП основани од Владата, според новите податоци од Министерството за финансии, и ланската година ја завршиле со загуби. Конкретно, ЈП Железници Инфраструктура во последниот квартал од 2023 та прикажале минус од скоро 1,6 милиони евра, ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта загуба од 1,5 милиони евра, ЈРП МРТ во последниот квартал прикажало минус од 3 милиони евра, ЈП Колекторски систем со загуба од 742 000 евра.

Голем дел од Јавните претпријатија на градско и на локално ниво и натаму се потпираат на „трансферите“ во форма на субвенции кои годишно се бројат во милиони на годишно ниво.  ЈП долги години котираат високо на и „должничката“ листа на Министерството за финансии. Лани, на должничката листа, со доспеани а неплатени обврски, високо рангирани во првите десет се три ЈП: МЖ Железница Инфраструктура со обврски во износ од 41 милион евра, ЈП Водовод и канализација Скопје со долг од  скоро 9,1 милион евра и ЈП Водовод Куманово со Ц.О Куманово со должнички износ од 9 милиони евра. ЈП на централно и на локално ниво, заедно со државните фирми се најзадолжениот сектор.

ДРУГА ДЕЈНОСТ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС                                 246
ЗЕМЈОДЕЛИЕ, ШУМАРСТВО                                                 2 256
ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО                                            163
ИНФОРМИРАЊЕ                                                                     719
КОМУНАЛНИ РАБОТИ                                                            9 863
ТРАНСПОРТ                                                                            3 640

Вкупниот број на јавни претпријатија е 159, од кои 115 се јавни претпријатија за комунални работи, 8 се јавни претпријатија за земјоделство и шумарство, 17 се транспортни јавни претпријатија, 2 јавни претпријатија од дејноста информирање, 1 јавно претпријатие од дејноста информатичко општество и 15 јавни претпријатија од други дејности

Од вкупниот број на 159 јавни претпријатија, 13 се основани од страна на Владата на Република Северна Македонија, 3 се основани од Собранието на Република Северна Македонија, а најмногу, односно 143 се основани од страна на Градот Скопје и општините.