Акција за кучињата во Вардариште секоја сабота

Секоја сабота, активисти одат во скопскиот стационар за бездомни кучиња, Вардариште, каде носат храна и кебиња.

Но, потребни им се волонтери кои ќе им се придружат во акциите.

„Секој кој сака да помогне на било каков начин дали со храна, лекови или ќебиња пишете ни. Ве очекуваме! Тие не имаат само нас, да не ги изневериме“, стои во повикот за акција од иницијативата за згрижување на бездомни кучиња „Daisy Family Rescue“.

Тие изминатиов период ги посетуваат кучињата во стационарот и споделуваат фотографии од нив, со цел да ги мотивираат граѓаните да вдомуваат.