Африм Османи, Влада Урошевиќ, Исмет Рамиќевиќ и Сашко Јовев ја добија наградата „Св. Климент Охридски“ за 2022

Професорот Африм Османи, писателот и академик Влада Урошевиќ, уметникот Исмет Рамиќевиќ и кардиохирургот Сашко Јовев се овогодишни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“, одлучи Одборот за доделување на наградата.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува како признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

1.  Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на:

 проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.     

2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

– акад. Влада Урошевиќ, писател

            – Исмет Рамиќевиќ, ликовен уметник.

3. Во областа на здравството, наградата му се доделува на:

            – проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург.                                                                   

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.