Пронајдени фосилни остатоци од диносаурост „предатор“

Ловци на фосили можеби направија сензационално откритие – череп на џиновски диносаурус со рог налик на сабја што излегувал од неговата глава, според студија објавена во списанието Science.

Коавторот на студијата, палеонтологот Пол Серено од Универзитетот во Чикаго, изјави дека откритието било „изненадно и неверојатно“, пренесува Popular Science.

Месојадниот диносаурус, наречен Spinosaurus mirabilis, бил еден од 55-те фосили што тимот ги открил во Нигер во 2022 година, експедиција што Серено ја нарекол „експедиција на векот“, објави ABC News.

Овој древен предатор бил висок меѓу 5 и 6 метри, приближно колку Tyrannosaurus rex. Имал грб налик на едро и необична коска долга околу 50 сантиметри што штрчела од черепот. Во филмот Jurassic Park III, спиносаурусот го победува Т-рексот, но во реалноста повеќе наликувал на огромна чапја, ловeјќи риби и воден плен со долга муцка и заби во еден ред.

Според Серено, „ова била некаков вид ‘пеколна чапја’ што газела во плитки води“. Анализата покажала дека рогот веројатно бил обоен и богат со кератин. Откритието отвора нови прашања за неговото живеалиште и начинот на живот во тој период.

Фото: Freepik