Отворен е конкурсот за „Лузер фест 2025“

Настанот за демо артисти се враќа како дел од „Таксират“. Фестивалското финале е на 5 декември, а повикот за учество сега е официјално отворено, информираат од фестивалот.

Рокот за пријавување преку сајтот на „Таксират“ трае најдоцна до 26 октомври.

„Ова е повик за сите самостојни музичари или бендови од домашната сцена, со авторска музика која сè уште не е објавена. Од пријавените ќе се селектираат финалистите што ќе настапат во живо пред публика и жири, а тие пак заедно ќе го одберат победникот“, посочуваат од „Таксират“.

Покрај наградата за снимање албум, оваа година победникот ќе има чест и да ја отвори главната вечер на „Таксират“ уште следниот ден на 6 декември.