Националниот парк Шар Планина постави шест нови дрвени објекти кои треба да им послужат сите планинари и љубители на природата како засолниште од лошо време и да придонесат за поголема сигурност. Новата инфраструктура е поставена на локации на Долна Лешница, патот кон планинарски дом Љуботен, под Титов Врв, кон Три Воде, на Рамен Камен и на Долна Локва. Сите засилништа се направени од дрво и имаат клупи за седнување, а од Националниот парк апелираат посетителите да ги чуваат и да не оставаат отпад во нивна близина.
Националниот парк, во рамките на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година на Министерството за животна средина, веќе воспостави и систем за електронска наплата за влез на моторни возила и направија промотивна кампања за информирање на локалното население.