Законот за прогласување на дел од Шарa за национален парк ќе оди на усвојување во Собрание

Владата, на синоќешната 58-та седница, го утврди конечниот текст на Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието.

„Основната цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес“, стои во владиното соопшение испратено по седницата.

Еко-свест: Владата усвои предлог-закон кој не ја заштитува Шара од малите хидроелектрани