По едногодишна пауза, повторно се отвора повикот за препознавање на младинскиот ангажман кој прави вистински промени.
Оваа година, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) повторно ја доделуваат наградата која го вреднува трудот, посветеноста и влијанието на младите во општеството.
„Доколку си: млад/а лидер/ка (15–29 години), дел од неформална младинска група, младинска организација или чадор организација …и твојата иницијатива оставила трага во заедницата – време е да бидеш препознаен/а!“, стои во повикот.
Од НМСМ информираат дека ќе бидат доделени три награди – по една во секоја категорија, како поддршка и охрабрување за натамошен развој на младинските иницијативи и активизам: 1.000 евра за индивидуална категорија, 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.
Рокот за поднесување на номинации е до 30 јуни 2025, 23:59 часот.
Целосниот повик е достапен на следниов линк: https://shorturl.at/fRbb5 .
„Сподели и номинирај некого што прави разлика!“, велат од НМСМ.