Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва (9 септември, сабота) од 21 часот ќе се одржи концерт на Симеон Петров квартер.
Освен Симеон Петров на труба, со него ќе настапат и Георги Шарески на гитара, Дејв Муни од Даблин на бас и Александар Петров – тапани.
Роден во Париз, Симеон своите први музички чекори ги прави на 6 години (пијано), на 7 години (труба) и на 8 години (органа) на Парискиот конзерваториум.
„Растејќи во средина каде џез музиката е пракса и секојдневие, Симеон лесно ги прифаќа како форма на музичко изрзување и ги втурнува овие инструменти во една нова во една нова авантура, пишувајќи и музика за нив“, се вели во најавата.