[Видео] #ФЕМуабети: Родов јаз насекаде околу нас!

Во новата епизода на видео подкастот #ФЕМуабети, го „дешифрираме“ родовиот јаз.

Се чини дека овој поим е насекаде околу нас – во вработеноста, платите, образованието, политиката, па дури и наставните програми и библиотеките.

Во ова издание ни гостува истражувачката Влора Речица, дел од акцијата #СподелиАвторка, која го „отгатна“ родовиот јаз, од дефиницијата, па сè до застапеноста на жените во разни сектори во државава.