Попис 2021: Македонските граѓани на работа најчесто одат со автомобил, а најретко со воз [Инфографик]

Државниот завод објави нов пакет податоци од Пописот 2021 година во која се опфатени статистички бројки за образовните и економските карактеристики на населението во Северна Македонија.

Во споредба со Пописот од 2002 година сега македонските граѓани се пописмени, имаат повисоко ниво на образование, а значително е опаднат и бројот на невработени лица. Сепак и понатаму половина милион луѓе немаат завршено ниту средно образование.

Новина на последниот Попис беше тоа што граѓаните беа прашувани и за видот на превоз кој го користат до работното место. Податоците покажуваат дека автомобилите се најатрактивни и нив ги користат речиси 220 илјади граѓани како начин да стигнат до работа. Од другата страна, возот е најмалку атрактивен за превоз до работното место и него го користат само 341 лице во земјава.

Дел од последните податоци на од Пописот 2021 може да погледнете на следниов инфографик:

Даниел Евросимоски

[Инфографик] Каде исчезнаа младите на пописот?