[Галерија] Најдобрите еко-фотографи за 2021

Шпанскиот фотограф Антонио Арагон Ренунцио е прогласен за најдобар еко-фотограф на 2021 година за неговата фотографија насловена „Синовите на плимата“.

На неа е прикажано дете кое спие на подот на неговата куќа која во секој момент ќе се сруши уништена од крајбрежната ерозија на плажата Афидегнигба во Того. Нивоата на морето на брегот на оваа, но и на другите држави во Западна Африка продолжува да се подига и да голта се` што се наоѓа на неговиот пат. Од оваа појава се засегнати вкупно 8.000 километри брег кој се протега низ 13 држави.

Победниците на натпреварот за најдобар еколошки фотограф на годината беа прогласени на климатскиот самит КОП26. Наградите ги доделуваат невладината организација за екологија и управување со води (CIWEM) и „Water Bear“, бесплатната видео платформа посветена на иднината на нашата планета. Оваа година во конкуренција беа 7.000 фотографии од професионални и аматерски фотографи од 119 држави во светот.

Во продолжение погледнете ги сите победнички фотографии и дел од фотографиите кои влегоа во најтесната конкуренција за наградите:

Фотограф на годината 2021 – Antonio Aragon Renuncio

Млад фотограф на годината 2021 – Amaan Ali

Победник во категоријата „Вода и безбедност“ – Sandipani Chattopadhyay

Победник во категоријата „Климатска акција“ – Kevin Ochieng Onyango

Победник во категоријата „Водно-одржливи градови“ – Simone Tramonte

Победник во категоријата „Отпорност“ – Ashraful Islam

Финалист: Sultan Ahmed Niloy

Финалист: Azim Khan Ronnie

Финалист: Azim Khan Ronnie

Финалист: Subrata Dey

Финалист: Ashraful Islam

Финалист: Giacomo d`Orlando

Финалист: Pedro de Oliveira Simões Esteves

Финалист: Roberto Bueno

Фотографии: CIWEM environmental photographer of the year award 2021