Отворен конкурс за поезија и плакат од „100.000 поети за промена“

Организацијата „100.000 поети за промена“ распиша конкурси за поезија и плакат за 11-то издание на 100 Илјади поети за промена.

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

„Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 31 август 2021 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација“, велат оттаму.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“.

Ваков конкурс се организира веќе единаесетта година по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот. Конкурсот се отвора по 11 пат, онолку пати колку што се организира манифестацијата и во светски рамки.

Организацијата „100.000 поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски треба да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, како и мирот.

Оттаму велат дека дизајнерските решенија може да се испраќаат на poetizapromena@gmail.com или на Фејсбук профилот на оваа манифестација најдоцна до 31 август 2021 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 25 септември 2021 година во Струмица.