Матурантка организира хуманитарна акција за децата кои немаат услови да следат онлајн настава

Мила Јовановиќ, матурантка во скопската гимназија „Никола Карев“, реши крајот на своето средно образование да го одбележи со хуманитарна акција.

„Свесни сме дека онлајн наставата имаше огромен број на недостатоци, меѓу кои и недостатокот на IT опрема кај многу деца, особено оние кои не можат да си ја дозволат истата. Затоа целта на оваа акција е да собереме компјутерска техника која ќе биде донирана на дечиња кои немаат услови за следење на онлајн наставата во следната учебна година“, напиша таа во апелот што го објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?¿ (@mikij_official)

Акцијата ќе се случува во недела (11 април) во Градскиот парк, кај Фонтана, од 13 до 16 часот. Оние што ќе се вклучат треба да донесат каков било тип на IT опрема која иако е стара, сепак е функционална.