882 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 882 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 333 случаи во Скопје, 109 во Тетово, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар – по 28, Охрид – 20, Велес – 18, Прилеп – 17, Струга – 14, Кавадарци и Кочани – по 12, Битола и Свети Николе – по 9, Ресен – 8, Богдани и Кратово – по 6, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2 и по 1 во Берово, Крушево и Демир Хисар.

Од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 14 лица. Починале по 4 лица од Скопје на 54, 68, 69 и 84 години и од Тетово на 49, 67, 68 и 81 година, 3 лица од Гостивар на 49, 72 и 74 години и по едно лице од Куманово на 72 години, од Охрид на 82 години и од Виница на 77 години.

Регистрирани сe и 140 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 53, Гостивар – 48, Кичево – 11, Штип – 6, Тетово и Кочани – по 4, Кавадарци и Пехчево – по 3, Битола и Виница – по 2 и по 1 од Охрид, Ресен, Делчево и Берово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 6.591 тест.