МЗ: 17 починати и 87 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 17 лица. Починале 5 лица од Скопје (66г, 71г, 76г, 79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г, 70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.

Од МЗ исто така информираат дека во последните 24 часа се потврдени 87 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 26 случаи во Скопје, 9 во Радовиш, по 6 во Куманово и Кратово, 5 во Прилеп, по 4 во Битола, Струмица, Кочани и Кичево, по 3 во Неготино и Делчево, по 2 во Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе и по 1 случај е регистриран во Кавадарци, Штип и Крива Паланка.

Регистрирани се 197 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2 и по 1 во Тетово и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.953 тестови.