83 новозаразени и две починати лица од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19, и тоа 40 во Скопје, 8 во Прилеп, по 6 во Куманово и Охрид, по 5 воо Тетово и Радовиш, 3 во Битола, по два случаи во Струга и Кичево, додека во Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево  е регистрирано по едно новозаболено лице.

Оттаму нагласуваат дека пријавени се вкупно 2 починати лица – 1 лице од Скопје (67г) и 1 лице од Кавадарци (80г). Од пријавените, двете лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 259 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на КОВИД-19,  а во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања.