Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 1.197 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 766 во Скопје, 94 во Битола, 38 во Кавадарци, 31 во Велес, 24 во Охрид, 23 во Гевгелија, 18 во Куманово, 16 во Ресен, 15 во Тетово, по 12 во Штип и Струмица, 11 во Кочани, по 10 во Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш.
Седум нови случаи се регистрирани во Делчево и Валандово, пет во Струга и Богданци, четири во Гостивар и Свети Николе, три во Македонски Брод, а по еден нов случај е регистриран во Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека во последните 24 часа се пријавени 12 починати лица. Три починати лица се од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022г.
Оттаму дополнуваат дека регистриран e 331 оздравен пациент.
„Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667“, велат од МЗ.
Во последното деноноќие направени се 7.483 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на КОВИД-19.
Дополнително, од Министерството за здравство додаваат дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.
„Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани“, велат оттаму.