642 новозаразени и 25 починати од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 321 во Скопје, по 40 во Прилеп и Велес, 27 во Куманово, 23 во Гостивар, 22 во Кавадарци, 20 во Охрид, по 17 во Тетово и Неготино, 15 во Штип, по 13 во Битола и Струмица и 12 во Берово.

Во Делчево се регистрирани девет нови случаи, во Гевгелија седум, по шест во Ресен и Богданци, по пет во Струга и Кочани, по четири во Дебар, Виница и Крушево, по три во Кичево и Свети Николе, два во Македонски Брод и по едно новозаразено лице е регистрирано во Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од министерството исто така информираат дека пријавени се вкупно 25 починати лица на возраст од 61 – 91 година и тоа пет пациенти од Скопје, три од Тетово, по двајца починати се пријавени во  Прилеп, Гостивар и Кавадарци и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Регистрирани се 524 оздравени пациенти и тоа 347 од Скопје, 42 од Прилеп, 21 од Куманово, 16 од Битола, 13 во Тетово, по 12 во Велес и Гевгелија и 10 во Кочани.

Во Гостивар се пријавени девет оздравени лица, во Берово осум, во Струмица шест, во Валандово пет, по тројца оздравени има во Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево, два во Кичево и по едно оздравено лице е регистрирано во градовите Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131“, соопштуваат од МЗ.

 

Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.